Вести Економија Топ вести

Регулаторите се уште пресметуваат колкаво да биде покачување на цената на струјата

Регулаторите веќе втор ден ги анализираат поднесетите барања на енергетските компании за покачување на цената на струјата и трошоците прикажани во барањата. Очекувањата се дека до крајот на оваа недела од Регулаторна ќе излезат со првична информација околу цената на струјата и евентуалното покачување. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, најави дека регулаторите ќе се обидат да ги намалат маржите и профитот на енергетските компании во корист на граѓаните

  • „РКЕ започна со детални анализи на поднесените барања од енергетските компании. Со што практично почнува фазата на системска и длабинска проверка на секоја  пријавена ставка на трошоци. Паралелно се проверуваат вкрстено механизмите кои Рке прв пат ќе ги активира поради енергетската криза  со цел заштита на потрошувачите”.

МЕПСО побара цената на струјата да се покачи за 60 отсто, Електродистрибуција двојно а униврзалниот снабдувач ЕВН Хоум ги достави само предвидените трошоци за 2022 година без да ја прецизираат висината на поскапувањето.

Денеска цената на струјата на светските брзи достигна апосултен рекорд и еден мегават извесува 515 евра.

Според официјалната ифнромација на ЕСМ може да се види дека по неодамнешните врнежи во погон се ставени хидропакапцитетит кои дневно произведуваат 3,1 од вкупните 11 гигават часови струја

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе