Економија Македонија

До 9-ти јуни продолжена кризната состојба во снабдувањето со струја во наредните 6 месеци

Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја за дополнителни 6 месеци, односно до 9  јуни. Предлог-одлуката ќе биде доставена на усвојување до Собранието.

„Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението на Владата.

Владата на 9-ти ноември донесе одлука за воведување кризна состојба во траење од 30 дена заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката на Вишиот Управен суд не значи автоматско отворање на рудникот Иловица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе