Економија Магазин

Гифт-картички како практичен подарок за претстојните празници -најавија Комерцијална Банка и Ист гејт Мол

Ист Гејт Мол и Комерцијална банка најавуваат картичка за подарување токму пред Новогодишните и Божиќните празници.

„Ист Гејт гифт-картичката“ ќе биде достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари и со тоа ќе биде погодна за дарување во секоја прилика и за најразличен повод. Со својот привлечен дизајн и пакување, со можност за лична посвета, картичката претставува идеален подарок за роденден, венчавка, матура,

Нова година или, едноставно, за некого да изненадите или израдувате. Комерцијална банка и Ист Гејт Мол се погрижија картичката да има голема намена и со неа да може да се купува во продавниците во Ист Гејт Мол кои учествуваат во програмата за прифаќање на картичката, а во кои се достапни најпознатите брендови од модата, козметиката, техниката, спорт, накит… Со тоа подарок-картичката лесно се прилагодува на вкусот на оној кој сакате да го изненадите.

Подарок-картичката ќе може да се купи во сите експозитури на Комерцијална банка низ Републиката, а наскоро ќе биде достапна и на пултови во Ист Гејт Мол. Ќе има важност од 6 месеци од денот на нејзиното купување и ќе може да се користи повеќекратно во тој временски период.

Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол, изјави дека гифт-картичката е реализирана во најбараните износи и е посебно дизајнирана за да одговори на потребите на потрошувачите, а тоа е флексибилност на купување, избор од голем број брендови и продавници, како и услуги. Следните планови на Ист Гејт Мол се таа да се продава и на пултовите во Ист Гејт Мол, во рамки на работното време од 10:00 до 22:00 секој ден во седмицата.

Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски сметки, изјави дека новата гифт-картичка на Комерцијална банка е уште еден производ направен според желбите и потребите на клиентите. Комерцијална банка во својата широка понуда на кредитни производи и картички за граѓаните ги додаде гифт-картичките како модерно и идеално решение за граѓаните кои сакаат сами да го изберат идеалниот подарок за своите најблиски, а притоа тоа да не им одземе многу време, изјави Чадиковски.

Ист Гејт Мол е водечки регионален трговски центар, кој се простира на 160.000 м2 бруто изградена површина. Поседува 57.000 м2 бруто изнајмена површина распоредена на пет ката и располага со портфолио на 220 закупци. Ист Гејт Мол е дел од повеќенаменскиот комплекс Скопје Ист Гејт.

Комерцијална банка АД Скопје е банка со традиција и е клучниот партнер на компаниите и столбот на доверба кај граѓаните во земјава. Банката нуди широк спектар на банкарски услуги, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и на физички лица, издавање банкарски картички, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, електронско и мобилно банкарство, па сè до активности како посредување во купопродажба на девизи, хартии од вредност, форфетирање и друго.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе