Вести Македонија Најважни

Русковска: Ќе бараме притвор за Миле Јанакиески, постои опасност од бегство, а има и пресуда како организатор на 27-ми април

Нова неизвесност со притворот на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Еден му е укинат, но има најава за нов. Телма дознава, а од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека по добивањето на решението дека му е укинат притворот за предметот ТНТ, ќе бараат нов за случајот Организатори на крвавиот четврток. Обивнителката Вилма Русковска во телефонски разговор вели дека не се известени за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство. Токму денеска, вели Русковска, е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од „27- ми април“ во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески. Со неа тој е осуден на 6 години и три месеци затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Инаку, за екс министерот Јанакиески, после три години, скопскиот Апелационен суд одлучи дека мерката куќен притвор треба да ја замени со мерки за претпазливост и тоа забрана за напуштање на државата и Скопје, обвинетиот да се јавува во суд и му даде забрана за издавање на нов пасош.

Во соопштението кое не го објави судот кој ја донел одлуката, туку кривичниот, се вели дека жалбата е уважена. Апелација одлучувала по жалби на адвокатите за предметите каде Јанакиески е обвинет и тоа ТНТ, Титаник, Талир, Шпански скали, Траекторија и Топлик иако мерката притвор му беше изречена за ТНТ.

Неговиот адвокат за Телма вели дека решението не го видел и не знае зошто апелација овој пат се премислила после одбиени 7 жалби кои ги поднеле. Вели дека пасошот на Јанакиески е во судот па се чуди зошто Апелација наложила да му биде одземен.

Инаку Јанакиески пак има правосилна затворска казна од 6 месеци и 3 години како организатор на инцидентите во Собранието од 27 ми април. При изрекувањето на оваа пресуда, не можеше да се изрече и мерка притвор како на останатите осудени Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски  и покрај тоа што обвинителстовто сметаше дека има опасност од бегство но за Јанакиевски притвор веќе имаше. Тие се уште се во домашен притвор бидејќи кривичниот суд процени дека после пресудата може да избегаат.

Утре продолжува судењето против Јанакиески за ТНТ кое е во завршна фаза.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе