Македонија

Специјалниот пратеник Бучковски очекува брзо да се пронајде заеднички јазик со новата бугарска влада

Специјалниот пратеник за Бугарија на Владата, Владо Бучковски смета дека брзо ќе се пронајде заеднички јазик со евентуалната нова бугарска влада предводена од Петков и Василев.

Овој пристап кој тој го промовира, за вољја на вистината е форсиран од македонска страна, од моментот кога јас станав специјален претставник на владата. Ја наследив веќе подготвената патна карта која ја усогласивме, и каде што се обидувавме преку актвностите кои што ги правеше нашето Министерство за надворешни работи, да бидеме многу попрагматични и многу попродуктивни. Овде, затоа што говори и Кирил Петков дека е ова работен процес и не знае работните групи колку брзо ќе се усогласат, а јас знам дека веќе имаме документ кој може да одговори на овие барања, мислам дека брзо би нашле заеднички јазик, рече Бучковски.

Во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма, Бучковски рече дека сепак клучното прашање е дали ќе се успее тоа да се постигне до 14 декември. Бучковски посочи дека има охрабрувачки резултати и дека очекува во Бугарија конечно да има политичка влада и нова стратегија од бугарска страна која би ѝ одговарала на Македонија, но вели дека треба да ни биде јасно оти времето не ни е сојузник.

Иако даде денеска една изјава претседателот радев, дека максимално брзо ќе го свика идното собрание, очекувањата се дека тоа најбрзо може да биде на 24 или 25 ноември. За една недела, на 21 ќе бидат официјалните резултати. Нивниот устав дозволува тоа да биде и еден месец после изборите, но и тие заради долго време што немаа политичка влада, затоа што сакаат да бидат во полн капацитет за да може новата политичка влада да го предложи буџетот. Имаат и други притисоци, пред се таму е исто катастрофална сотојбата со ковид кризата, оцени Бучковски.

Од друга страна, поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, смета дека нема да има време тоа да биде постигнато до декември. Вели дека покрај останатото тука станува збор и за кадри, односно распределба на ресорите во министерствата и средбите со претседателот Радев.

Претседателот Радев, колку и да ги испочитува сите брзи рокови, средбите кои што ќе бидат нема да ѝ дадат на бугарската страна доволен простор тие да реагираат кај ЕУ, на начин кој што ќе значи позитивно изјаснување, рече Ѓорчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дејан Дејан

Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра

Дејан Дејан

Сајкоски за Битола најавува обиколница што ќе ја поврзува со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе