Македонија

Зоран Милески Кичеец има уште два дена неискористен одмор

Осудениот за случајот Рекет, но и за предизвикување сообраќајка со смртни последици Зоран Милески Кичеец имал уште два дена од одморот кој му следува иако е во затвор. Вака информираат од Управата за извршување на санкциите откако Телма постави неколку прашања за статусот на Кичеец во затворот во Струга.

„По сообраќајната незгода нема користено годишен одмор, а пред да му биде одобрен прекинот на издржувањето на казната затвор, а во текот на првата година од казната затвор може да искористи уште 2 дена годишен одмор. Осудените лица во согласност со општите законски прописи (Законот за работни односи), доколку се работно ангажирани во установата или надвор од неа, стекнуваат право на годишен одмор исто како и сите вработени во државата“, велат од Управата.

Зоран Милески Кичеец, 3 годишната затворска казна ја издржуваше во затворот во Струга, во отворено одделение. Управата му овозможи едно месечно стопирање на издржувањето на казната до 8 септември со образложение дека има здравствени проблеми. Додека беше на слобода ја предизвика сообраќајната незгода во која загина еден човек, претекнувајки на полна линија. Тој признал вина, се покајал, па обвинителството понуди спогодба. Гостиварскиот суд го прифатил предлогот од 6 месеци затворска казна за него. Од управата велат дека за пресудата добиле информација од медиумите.

„Доколку е правосилна и извршна, ќе биде најпрво доставена до Судијата за извршување санкции кој потоа истата со Упатен акт треба да ја достави до осудениот и до КПД од отворен вид Струга. Дури потоа ќе се разгледува дали треба да се промени третманот во процесот на ресоцијализација на осудениот, а во моменталната ситуација, истиот останува со ист третман во Полуотвореното одделение на КПД Струга“, велат во одговорите од Управата.

Но, од таму не кажуваат дали Кичеец користи право на излез за викенд, што може да му го овозможи управата на затворот додека тој е во полуотворено одделение. Претходно го користеше правото да оди на работа бидејќи се наоѓаше во отворено одделение и токму така го стекна правото за годишен одмор.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе