Спорт Фудбал

Милевски со проблеми пред дуелите против Ерменија и Исланд

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на играчи кои ќе бидат во конкуренција за последните два натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство против Ерменија и Исланд.

Предводникот на националниот тим нема да може да смета на повредените Бобан Николов, Аријан Адеми и Дејан Илиев и реши во составот да повика еден дебитант, а станува збор за напаѓачот на турскиот Истанбулспор, Ваљон Едеми.

Репрезентацијата на Македонија на 11. и 14. ноември против Ерменија на гостински терен и дома против Исланд ги затвора квалификациите за СП во Катар 2022.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе