Кошарка Спорт

ФОТО галерија: Градското дерби за Работнички

Во меч од петтото коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија, Работнички го совлада градскиот ривал ТФТ со 105:92 и на противникот му го нанесе првиот пораз од почетокот на сезоната.

Најефикасен во победничкиот тим со 29 поени беше Џексон Пол, кој додаде и 15 асистенции, Недим Мустафица мечот го заврши со осум поени и 11 скока додека Горјан Марковски имаше учинок од 20 поени и шест освоени топки под обрачите.

Во редовите на ТФТ, Александар Костоски забележа 20 поени и осум додавања, а Ландриус Хортон беше стрелец на 22 поени.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Секунди ја делеа Македонија од триумф над Велс

Дејан Дејан

Трилер завршница во Скопје: Миовски погоди во 91.минута, Велшаните се спасија во последната секунда

Дејан Дејан

Македонија против Велс: Клучен дуел во мундијалските квалификации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе