Денеска се играат четири натпревари од петтото коло во кошаркарското првенство на Македонија. Во дербито на денот во салата на СРЦ Кале, Работнички го пречекува ТФТ, екипа која во досегашниот тек од првенство се уште нема пораз.
Кожув во Гевгелија го пречекува Феникс и очекува конечно да ја забележи првата победа сезонава додека во последниот дуел од денешната програма Ангели, кој исто така нема триумф во шампионатот е домаќин на Гостивар.
Колото се комплетира утре со мечот во кој Пелистер гостува во Кавадарци и за противник го има Еуро Никел.
КОШАРКА – ПРВА ЛИГА
5. КОЛО
КОЖУВ – ФЕНИКС 17:30 часот
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 18:00 часот
АНГЕЛИ – ГОСТИВАР 18:30 часот
УТРЕ
ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР 19:30 часот
ВЧЕРА
МЗТ СКОПЈЕ 2 – МЗТ СКОПЈЕ 76:99
ФОТО: Игор Паневски