Кошарка Спорт

Пелистер ја декласираше Сутјеска за деби победа во АБА 2

Кошаркарите на Пелистер ја остварија првата победа во АБА2-лигата откако денеска го декласираа тимот на Сутјеска со 93-73. Двата наши претставници во ова натпреварување првиот турнир во Златибор го завршија со половичен ефект.

Битолчани го поправија впечатокот по ужасниот прв натпревар кога загубија од Ловќен со 108-85. Нашиот состав вечерва комплетно доминираше против тимот од Црна Гора. Пелистер водеше од самиот старт, а на полувремето беше 51-47. Третата четвртина беше најдобра за момците на тренерот Марјан Илиевски и по една серија од 11-0 дојдоа до убедлива двоцифрена предност од 16 поени или 70-54. Во последниот период водството за прв пат дојде и до +20, колку беше и конечната разлика со резултат 93-73.

Никола Малешевиќ и Бојан Трајковски со по 16 поени беа најдобри кај „пелистерци“, Владимир Томашевиќ со 23 поени најмногу се истакна кај Сутјеска.

По првите две кола на турнирот во Златибор, двата наши претставника МЗТ Скопје и Пелистер имаат половинчен ефект од една победа и еден пораз. Следниот турнир се игра во Осијек следниот месец, а токму тогаш ќе се игра и македонското дерби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе