Култура

Саксофонистот Матс Густафсон од Шведска го отвора 40. Скопски џез фестивал

Јубилејниот 40. Скопски џез фестивал ќе започне на 20 октомври. Ќе го отвори ѕвездата на шветскиот фри џез, Матс Густафсон, со свој специјален соло рецитал на саксофони, најавија организаторите. На отворањето ќе настапи и квартетот  од САД на новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О.

Од САД доаѓа и култната музичарка, поетеса, активистка и ем-си Мур Мадер, во придружба на легендарниот перкусионист од „Арт Ансамбл оф Чикаго“, Дуду Којате, На ниниот концерт ќе се придружи и Матс Густафсон. Од Данска, САД и Шпанија гостува квартетот на извонредниот гитарист Јакоб Бро, од Португалија многубројниот лисабонски андерграунд музички ансамбл Л.У.М.Е., од  Грција триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Џанули, а од Австрија експлозивните „Шејк Сту“.

Еден од ексклузивитетите на јубилејното издание на Скопскиот џез фестивал е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“, посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталистЈордан Костов. Фестивалот ќе го заокружи концертот на славниот кубански пијанист Роберто Фонсека и неговото трио.

Придружната програма опфаќа изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов „Complicate Simply ”, потоа премиерно прикажување на две значајни документарни филмски остварувања: „Aretha Franklin: Amazing Grace“ и „Blue Note: Beyond the Notes”, како и настап на најпознатиот албански џез состав во моментов „ AJS Quartet“.  Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани две нови ЦД-изданија на SJF Records – најновите албуми на „Јордан Костов ансамбл“, и „ Светлост + одрон ритуал оркестра“, а ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2021 година.

И покрај предизвиците, поради бројните ограничувања што ги донесе кризата со корона-вирусот, подготовката на програмата го имаше императивот за сочувување на високиот интернационален карактер на фестивалот и традицијата тој да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика, потенцираат организаторите на фестивалот. Единаесет познати изведувачки имиња од САД, Куба, Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салите на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.

Фестивалот завршува на 24 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наградата од Британското друштво на кинематографери е круна на 45- годишната работа на ИФФК „Браќа Манаки“, кажа директорот Мони Дамевски

Дејан Дејан

Промоција на четиритомниот проект „Пролегомена за македонската фотографија“ од Златко Теодосиевски

Дејан Дејан

Промовирана книгата од проф. д-р Људмил Спасов „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе