Економија

Оризопроизводителите од Кочанско најавија нови протести

Кочанските оризопроизводители од вторник со своите трактори повторно излегуваат на протести. Иако од Владата добиле ветување дека откупната цена на оризовата арпа нема да оди под 25 денари, во моментов немаат ниту откуп, а цената е многу пониска.

Во битката на оризопроизводителите се вклучи и синдикатот на земјоделците. Сметаат дека потребно е системско решение. И тие се на ставот дека  треба да има  производна цена на арпата, под која не смее да се оди, а во моментов потребни се интерветни мерки.

40 отсто од ланската реколта стои во амабарите, а жетвата на новата е во тек, оризопроизводителите велат дека дождот им прави проблеми, но и ќе влијае на квалитетот.

Во кочанско под ориз има околу 4.000 хектари, но поради лошата цена со години нивите се напуштаат, а младите се иселуваат.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе