Марк Маркез ја оствари првата победа во Мото ГП шампионатот по пауза од 581 ден, откако денеска беше најдобар на трката за Големата награда на Германија.
Мотоциклистот на Хонда стартуваше од 5.место, но по само неколку свиоци веќе стигна до првото место, кое не го испушти до самиот крај на трката. За Маркез ова е 11-та победа по ред на германското гран при, а прва во Мото ГП по трката во Валенсија во 2019 година.
Второто место денеска го освои Мигел Оливеира, додека на третото скалило на победничкиот подиум се искачи Фабио Квартараро, кој останува на врвот во генералниот пласман.
Возачот на Јамаха има 131 бод, 22 повеќе од Јоан Зарко, додека трет е Џек Милер со 100 бодови.
Следната недела се вози трката за Големата награда на Холандија на патеката „Асен“.
