Вести Македонија Најважни

18-годишниот Тони Сали почина чекајќи државата да го запише како жив

Последните четири денови на 18- годишниот Тони Салии поминале учејќи за матурскиот испит поради што бил под притисок. Ноќта 26 ти месецов била кобна за него. Починал дома пред очите на семејството кое откако му се слошило некаде после полноќ повикале Брза помош.

По ова состојбата му се влошила и рано утрото веќе била констатирана само смрт.

Салии е матурантот за кој случај отвори Народниот правобранител уште во 2018- та, а за него пишуваше и порталот СДК.мк повеќе од две години. Роден е во вонбрачна заедница, од мајка со бугарско и татко со македонско државјанство. И покрај тоа што е роден тука, братот и сестрата му се заведени како државјани, матичното одделение одбиваше да му даде матичен број и да го впише во книгата на родени. Го оспоруваа татковството, а потоа и мајчинството на неговите родители.

Според адвокатката на Тони, Тамара Славеска – Апостоловски ,Тони поминал вистинска голгота по институциите. Се му оспорувале, и датум на раѓање, и родителите, се одело до таму дека треба ДНК анализа, а роковите ги пробиле и Одделението за управна постапка и Второстепената комисија. Се обиделе и преку граѓанскиот суд но и покрај тоа што сите знаеле за случајот секогаш добивал негативно мислење.

Народниот правобранител ги известил и двајцата министри за правда, поранешната Рената Дескоска и сегашниот Бојан Маричиќ за однесувањето на службите кои се под нивна надлежност. Но сега Маричиќ вели ќе бара одговорност.

Лично ќе се заложам целосно да се испита случајот зошто ова момче со години не било запишано во матичната книга на родени. Знаете дека Министерството за правда му додели бесплатна правна помош за да може да ги оствари своите права.

Сега причината за смртта на Тони ја истражува судска медицина. Извори за Телма велат дека се работи за природна смрт и исклучена е можноста насилна или пак од влијание на токсични материи. Не е ниту мозочен удар, но ќе треба подетални анализи за точната причина. И од Брзата помош ќе истражуваат дали е делувано на време. Но братот на Тони, вината ја гледа во сите вклучени институции кои не му дадоа мир.

Тони Салии беше одличен ученик со сите петки, планот му беше да се запише на Правниот факултет, а во меѓувреме работеше во невладина организација. За еден месец на 27 јуни ке наполнел 19 години, а се уште во земјава беше само човек без идентитет.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе