Економија Најважни

Ковачевски: Ако има зголемување на цената на струјата тоа ќе биде минимално

Ќе се обидеме да нема зголемување на цената на струјата, ако има тоа ќе биде минимално. Првиот човек на ЕСМ Ковачевски ниту потврдува ниту демантира дали од август граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Топката ја префрла на Регулаторна. А токму од Државните електрани и од цената која ќе ја понудат на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум на тендерот во јуни, најмногу ќе зависи дали граѓаните и индустријата ќе ги очекува нов ценовен шок, предизвикан од цената на струјата.

Се надевам и очекувам цената да нема промени во нашиот дел како ЕСМ иако ние учествуваме со нешто околу 40 проценти во вкупната цена на енергија кон крајните потрошувачи. Сметам дека повторно ќе успееме и оваа година да ја стабилизираме цената односно да нема зголемување или ако тоа евентуално биде, тоа ќе го одлучи РКЕ да биде нешто минимално во фактор на корекции, вели директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

Директорот на МЕПСО пак потврди дека побарале од Регулаторна 100 процентно зголемување на нивната тарифа. Иако минатата година компанијата ја заврши со речиси 6 милиони евра загуби, тврди дека тоа не е поради лошиот менаџмет. МЕПСО влијае само 3,5 проценти во конечната цена на струјата, па Рамадани вели и да се прифати нивното барање, тоа нема многу да ги удри по џеб  граѓаните.

Ако до сега платиле сметка односно за 1000 денари платиле 35 за МЕПСО денари ние побаравме да се платат 60 денари но послениот збор го има Регулаторната комисија за енергетика. Не би сметал дека е трагичнно бидејќи сметам дека сите овие приходи од фатурите се инвестираат на соодветно место бидејќи имаме далноводи од 50 и 60 – те години и треба да се модернизираат, вели директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани.

Регулаторна веќе ги анализира пресметките од енергетските компании. Но таа може да влијае само на 38 проценти од пазарот – на 58 нема влијание. Уделот на МЕПСО во крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните е најмал и изнесува 3, 5 проценти. Најголемо учество има ЕСМ 43 проценти, па Електро дистрибуција со 36 проценти, а обновливите извори учествуваат со 7,3 проценти.

Лани цената на струјата се покачи за 7,5 проценти. Сега граѓаните плаќаат 5,95 денари киловат час во високата тарифа. А дали од август ќе има корекција – ќе пресече Регулаторна во јули.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Предлогот за разрешување на Коцевски денеска на владина сендица

Дејан Дејан

Американците и Русите во Ријад, Европјаните во Париз – трансатлантските сојузници на одвоени самити за иднината на Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе