Регулаторната комисија за енергетика определува цена која што е обврзувачка за мрежните оператори, посочи директорот на РКЕ Марко Бислимоски во вечерашната Топ Тема.
Според него РКЕ определува цена за МЕПСО како оператор на преносниот систем, за Електродистрибуција како оператор на најголемиот електродистрибутивен систен во државата, определува минорен дел за операторот на пазарот на електрична енергија, за неговите услуги, и определува и цена на ЕВН Хоум, на универзалниот снабдувач.
Во врска со изјавата на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денеска изјави дека очекува да нема промени во цената или зголемувањето да биде минимално, Беслимовски вели дека РКЕ кажува какви ќе бидат цените.
Додека определува регулаторната комисија за енергетика цени, РКЕ кажува колку ќе бидат цените, а другите директори на МЕПСО, на ЕСМ, на било кој, може само да си предвидуваат каква ќе биде крајната одлука на РКЕ. Зголемувањето ќе биде минимално доколку понуди минимална цена на тендерот. Ние не можеме да му кажеме на ЕСМ колкава цена да понуди, или на МЕПСО колкава цена да побара, или на електродистрибуција. Значи сите тие компании, освен ЕСМ, значи МЕПСО и Електродистрибуција си поднесуваат барање до РКЕ и ние тоа го разгледуваме и ќе кажеме колкав ќе биде нивниот дел, каде што влијаеме. На другиот дел каде што не влијаеме, сите овие компании треба да си водат сметка колкава цена ќе понудат на тендерот на ЕВН Хоум, рече бислимоски.