Ракомет Спорт

Ракометарите ја добија групата на ЕП: Нов дуел со Данска и два екс-југословенски ривали

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во рамки на Европското првенство, што ќе се одржи во јануари 2022 година во Унгарија и Словачка. Имаме тешка група во која ќе играме со две репрезентации од поранешна Југославија.

Денешната ждрепка ја смести македонската репрезентација во рамки на групата А, што ќе се игра во унгарскиот град Дебрецен. Наши ривали ќе бидат Словенија и Данска, како и селекцијата на Црна Гора.

Ќе играме против добро познати противници, а со Данска веќе ги одмеривме силите во квалификациите, кога сензационално ја совладавме во Скопје, но потоа светскиот шампион ни врати на свој терен. Со Словенија ги одмеривме силите на изминатото Светско првенство, кога загубивме со убедливи 10 голови разлика. Со селекцијата на Црна Гора последен на големите турнири се сретнавме во групата на Европското првенство во Хрватска во 2018 година и славевме минимална победа од 29-28.

Битката за пласман во втората фаза од Европското првенство ќе биде исклучително тешка со оглед на фактот што само првите две репрезентации од групите одат понатаму. Ако успееме да ја поминеме групата и освоиме едно од првите две места, тогаш следната фаза ќе ја играме во Будимпешта, каде ќе вркстиме со најдобрите две селекции од групите Б и Ц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе