Македонија

Правото на образование на децата на удар на пандемијата, констатира Омбудсманот во годишниот извештај

Бројот на преставки кои лани стигнале во канцеларијата на Омбудсманот е скоро преполовен, во однос на претходните години, но не заради подобрувањето на третманот на слободите и правата на граѓаните, туку заради тоа што пандемијата влијаела тие да се воздржуваат од пријавување и да седат дома. Во 2020 година, Народниот правобранител добил 2448 преставки, а со опфатените од 2019, бројката изнесува вкупно 2931. Поради пандемијата,  најмногу на удар биле учениците, поради промената од настава на училиште на учење на далечина, а скоро целосно биле лишени од настава децата со пречки во развојот. За тоа било информирано Министерството за образование.

Често пати талкање по мрежите и по платформите, по кои ќе се изведе. Отсуство на соодветна опрема за следење на наставата , отсуство на електрична енергија, често пати како резултат на неплаќање на сметките од страна на граѓаните и исклучување од страна на ЕВН. Недоволниот квалитет на интернет по домовите, вели народниот рпавобранител Насер Зибери.

Генералниот секретаријат на Владата без да го рагледа приговорот на секој одбиен студент од Правниот факултет, шаблонски, а не суштински , возвраќал на ланските преставки за недобиена финансиска помош во картички.  Минатата година, кај Омбудсманот стигнале претставки за неисплатени плати, за неосварен надомест за нега на друго лице, а половината од преставките се однесуваат на работата на извршителите.

И тоа по повеќе основи. Во однос на блокирање на сметките , во однос на редоследот на извршување решенијата за симнување на паричните сретства. Во однос на продирање во загарантираните лични финансии на граѓаните, загрозени, вели Зибери.

Кај Народниот правобранител пристигнале 9 преставки од граѓани кои не можеле да го остварат правото за добивање државјанство. Зибери очекува решение со усвојувањето на измените на Законот за државјанство. Тој изрази забелешки и на условите во затворите во однос на храната и обезбедувањето здравствена заштита за лишените од слобода. Ги повика надлежните од управните судови да си ја вршат работата, како и вработените во малиот групен дом во Тетово, од каде бегале штитениците.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Превозниците од Западен Балкан ѝ поставија рок на ЕК за проблемот со возачи

Дејан Дејан

Јакимовски не оди во затвор на 2 јули

Дејан Дејан

Професорка од универзитетот во Штип е уапсена за примање мито од 300 евра од студент

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе