Вести Македонија

Европско знаменце на Законот за учебници

Дигиталните учебници стануваат нова тема за политичко препукување. Владата инсистира на нивно постепено воведување почнувајќи од четврто одделение, а опозицијата ќе се спротивставува со блокади и протести.

Првата верзија на законот е повлечена од собраниска процедура. Од Министерството за образование објаснуваат дека на седница на Влада законот ќе се усогласи со европските препораки, односно со двете иницијативи на Европската комисија за квалитет, инклузија, еднаквост како и со достапно дигитално образование.

Опозицијата се сомнева дека намерата е само додадавње европско знаменце, а со тоа и собраниска процедура која ја ограничува комисиската расправа на два дена. Дигиталните учебници ги сметаат за глупава идеја зашто 25 илјади ученици немаат пристап  до интернет.

Владата ветува дека ќе најде средства и нема да дозволи ниедно дете да биде оштетено.

Законот предвидува дигитална форма на учебниците прво за учениците од четврто одделение. Наредната година, за четврто и петто, потоа за четврто, петто и шесто. Паралелно, по потреба ќе продолжи и печатењето. Постепено воведување и напредно дигитално образование – се основните адути на оваа реформа, што ги забрза потребата од учење на далечина заради здравствената криза.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе