Вести Македонија Најважни

Директорската фотелја на првиот пазарен инспектор Пауновски во рацете на Владата

Премиерот Заев омекна – ја префрла топката на Владата која денеска треба да пресече дали ќе го разреши директорот на Пазарна инспекција Стојко Пауновски. Премиерот изминативе денови беше категоричен дека лично тој ќе бара разрешување на Пауновски. На терет му го стави пркосот да стави потпис на 35-те рамковни вработени, да понижува надредени и да не почитува хиерархија. Но, по средбата со пазарните инспектори кои со петиција застанаа во одбрана на директорот, премиерот денеска со друг став, дека допрва ќе оформува мислење.

Не одговоривте Вие дали ќе предложите разрешување?

Ке го кажам тоа на Влада. Искрено сакам на враќање од овде да ги прочитам во детали материјалите кои инспекторите ми ги оставија непосредно пед да дојдам овде. Тие усно ги образложија. Јас ги разбирам тоа што го кажаа, но оставија значајни материјали кои што сакам да ги прочитам. Вредно е заради тоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот. Секако владата одлучува за тоа. Јас сум прв меѓу еднаквите во владата како претседател на владата и знаете вчера имав став и го кажав јавно, денеска не дека се колебам, но не би било чесно кон овие луѓе што ги примив. 

Откако не му дигнал слушалка, Заев сепак во петокот стапил во контакт со Пауновски. На владата ќе го презентира ставот на инспекторите, на Пауновски и неговиот. Вели има плејада опции и во регулативата и во етичкиот кодекс и за негово разрешување, но и за останување. Тврди ДУИ никогаш не барале Пауновски да биде сменет.

Но, од 10 дена, вие седум дена да се инаетите, а да не дојдете во Владата да разговарате, е недозволиво…..., рече Заев.

Заев кажа и дека каква и да биде одлуката за Пауновски, соработката со него ќе продолжи.

Конфликтот влада- Пауновски ја крена целата јавност дури и експертската која застана во одбрана на Пауновски. Тврдеше дека нема законски основ за негово разрешување, а етичкиот кодекс на кој се повикува владата не може да биде над законот. Пауновски одби да ги смести во Пазарна 35-те инспектори кои ги доби од Министерството за политички систем од кај Груби.

Рече дека не му требаат административци, туку инспектори кои ќе работат на терен во источниот дел на земјата.  Беше категоричен дека само 12 од рамковните вработени се  квалификувани, другите нема каде да ги смести. Беше дециден дека нема да стави потпис на решенија, и по цена да биде разрешен.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе