Вести Економија

Владата утре ќе го донесе шестиот пакет антикризни мерки – угостителите излегуваат на протести

Уште „нераситнет“ петтиот пакет, Владата утре ќе излезе со шестиот пакет антикризни мерки за помош на бизнисите кои се најпогодени од последниот бран на коронакризата.

Мерките кои  утре треба да поминат на Влада вчера ги најави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Но, денеска молк од институциите. Нема официјални детали кои се десетината мерки во него, кои се сектори ќе бидат опфатени, колку пари ќе тежи овој пакет и од каде ќе се обезбедат.

Според информации на Телма ќе има неповратна парична помош и бескаматни кредити за секторите кои овој период беа најпогодени или целосно затворени. Но, она што беше типично за сите пакети до сега, помош за фирмите за исплата на минималец кој со петтиот пакет завршува со мартовската плата, во овој пакет најверојатно ќе нема за наредните месеци. Владини извори брифираат дека за угостителите кои сега се знае дека ќе се целосно затворени три недели Владата предвидува неповратна парична помош која ќе се пресметува како процент од просекот на прометот кој го оствариле во месеците јануари, февруари и март. А ќе се пресметува само за периодот за кој целосно биле затворени. Предвидена е и помош за исплата, но на дел од платата за пријавените работници во угостителството.

Бизнисот смета дека петииот пакет е задоцнет, и нема да ги санира штетите во стопанството. А не веруваат дека многу ќе им помогнат и мерките од шестиот пакет.

Тие утре излегуваат на протест пред Министерството за финансии. Бараат од Владата да ги прифати нивните барања за спас на над 6.000 бизниси.

На протестот покрај угостителите, ќе бидат и туристичките агенции, игротеките,туристичките водичите како и претставници  од движењето за социјална правда „Обединети работници”.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Проектите на пауза, поддршката од УСАИД на ревизија – амбасадорката Агелер вели „тука сме, САД не заминуваат“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе