Драстичен е растот на цените на суровините за македонската индустрија последните месеци, велат стопанствениците.
Пандемијата придонесе и за недостаток на суровини, но и неколкукратно поскап транспорт, особено од Кина.
Ова ги става во неповолна положба македонските компании, кои со зголемени трошоци стануваат неконкурентни на пазарот.
Изгубените пазари, нарачки, намалниот промет се одразува и на одржливоста на компаниите.
Бизнис секторот апелира што побрзао да се донесе петиот пакет мерки за да се зачуваат работните места.
Петтиот пакет антикризни мерки е заглавен во Собранието и не се знае кога ќе се најде на дневен ред.
Сузана Мицева