Македонија Топ вести

Штипскиот ковид центар руши рекорди со потрошувачката на кислород

Штипскиот ковид центар руши рекорди со потрошувачката на кислород. Пациентите кои доаѓаат во тешка состојба, масивни бронхопневомнии, високи температури, ниски сатурации  од целиот Брегалнички регион се гладни за кислород. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев за Телма вели дека ако до пред четири дена дневно трошеле до 800 , сега потрошувачката е и над 800 литри медицински кислород. 44 пациенти во модуларната болница се приклучени на постојана кислородна поддршка. Засега болницата нема проблем со набавките.

На инфективното одделение, на коешто пред три дена на раце се носеа боците со кислород, се лекуваат 45 пациенти, според денешниот извештај на овој оддел има слободни уште 18 кревети. Доколку и наредните денови расте притисокот за прием и инфективно ќе се приспоби за тешки пациенти.

Целиот исток и здравствени работници се зависни од стручноста на тројцата штипски инфектолози, кои освен што се грижат за пациентите во објектите во Штип, по телефон со колегите интернисти и анестезиолози од Кочани одредуваат терапии и носат одлуки за пациентите кои се хоспитализирани во овој центар.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе