Ракомет Спорт

Чаневски: Да обезбедиме позитивен резултат пред реваншот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре од 20 часот и 45 минути во Битола во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа го пречекуваат германскиот претставник Магдебург.

Гостите од Германија имаат статус на фаворит, но тоа не е причина избраниците на тренерот Жељко Бабиќ да се обидат да направат изненадување и по првиот меч во Битола да обезбедат предност која ќе им даде надеж дека може да се мине првата пречка во елиминациската рунда од второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување.

“Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива. Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја освојат Битола. Ние играме добра сезона, добро играме на домашен терен и верувам дека тоа ќе го потврдиме во вторник. Магдебург е одлична екипа, играат добра одбрана, многу трчаат и влечат полуконтра. Наше е да се враќаме брзо и да трчаме. Мислам дека не треба да дозволиме да нè наттрчаат”, изјави голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски херој против Астана: Македонија е без пораз 10 натпревари

Дејан Дејан

Томас Франк ќе биде нов тренер на Тотнем

Дејан Дејан

Ленгле раскина со Барселона и останува во Атлетико Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе