Македонија Топ вести

Ѓоргиев и Тодоров: Политиката не помага во работата на историската комисија

Политиката не помага во работата на историската комисија, порачуваат во заедничка колумна – копретседателот на Комисијата за историски прашања Драги Ѓоргиев и членот Петар Тодоров.

Тоа што често го слушаме во јавноста не е историја која се заснова на методолоија и научни принципи туку е политичка митологија а негирањата од страна на некои историчари од соседните држави се причина поради која македонската историографија не може да излезе од „војната“ во докажување на „историски вистини“ со своите колеги од соседството, сметаат копретседателот на Комисијата за историски прашања Драги Ѓоргиев и членот Петар Тодоров.

Сметаат дека идентитетите се почитуваат и за нив не се носат политички резолуции и ставови, ниту пак се инсистира други народи да прифатат туѓи етнонационални историски наративи и погледи за себе.

Кога станува збор за улогата на политиката и идентитетите, Ѓоргиев и Тодорв сметаат дека политичките институции не треба да нотираат, толкуваат или да одредуваат што е коректно и адекватно толкување на минатото освен ако не им е целта да запливаат во авторитарните води.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инцидент во Зоолошката градина, волци избегале од живеалиштата и усмртиле кенгури и ему птици

Дејан Дејан

Клексан и Фраксипарин на Позитивна листа од јули

Sasko Dimovski

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе