Македонија Топ вести

Кардиологија и физикална не примаат пациенти

Две одделенија во штипската Клиничката болница не примаат пациенти, откако здравствени работници се заразрени со коронавирусот. Лекарите и медицинскиот персонал од кардиологија се во превентивна изолација, за неколку по тестирањето на персоналот ќе се одлучи дали ова одделение ќе продолжи со работа, Деновиве пациентите од целиот исток се испраќаат на Клиниката во Скопје. Додека на физикална терапија, сите тројца лекари се позитивни и двајца од персоналот. На ова одделение за десетмината пациенти се грижат медицински сестри.

Во меѓувреме расте и бројот на хоспитализирани пациенти во Ковид центарот денеска таму се лекуваат 42. Болницата очекува наскоро да ја пушти и модуларната болница, која е опремена, а вчера е и потпишан договорот за поставување на централен довод за кислород. Состојбата се следи и доколку има притисок за хоспитализирање на пациенти, реконструкцијата на зградата на Инфективното одделение може и да се одложи.

Во текот на утрешниот ден ќе продолжи имунизацијата на здравствениот персонал, според анкетите 40 % од вработените се пријавиле, додека 60 % од нив или го прележале вирусот или воопшто не се пријавиле за вакцинација.

ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА

youtu.be/gn78mSfGf38

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе