Да се продолжи рокот за откуп на тутунот за еден месец, предложија ВМРО ДПМНЕ и СДСМ но во два различни закони. Кога се гласаше за предлогот на опозицијата во собраниската сала имаше неколку пратеници и тој не беше прифатен. Повторно следеа обвинувања за функционалноста на парламентарното мнозинство.
Спротивен беше ефектот кога се одлучуваше за владејачкиот закон.64 пратеници кренаа зелен картон и дадоа подршка законот за измени на законот за тутун да се донесе по скратена постапка.за него треба да се произнесат матичните комисиси по што повторно ќе се најде на дневен ред на собраниска седница.
Јулијана Пешевска
