Вести Македонија

Нуредини ветува решавање на актуелните проблеми откако Шара ќе стане заштитено подрачје

И додека тече процесот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје, актуелен e проблемот со изградбата на малите хидроцентрали, за чии штетни последици екологистите  алармираа подолг период. Велат дека тие се причина и за проблемот со водоснабдувањето во градот под Шара, Тетово.

Каков ефект имаат врз водата, треба да одговорат инспекциите, вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Тој истакна дека откако Шар Планина ќе стане национален парк, нема да има нови концесии за хидроцентрали, а ќе се разговара за повлекување на постоечките.

Според Нуредини, прогласувањето на Шара за национален парк ќе значи и прекин на дивата сеча на шумите, која со години е актуелна.

Инаку на вчерашната седница на Владата беше утврден текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, со цел обезбедување заштита на природни убавини и вредности, како и социо-економски развој во регионот. Вкупната површина која ќе биде заштитена е 62 705 хектари.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Дејан Дејан

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Пазарна инспекција ги проверува книгите на големите маркети, како се движеле цените на одредени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе