Македонија Топ вести

Јовески: На Мијалков му е врачено решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Врз основа на добиени сознанија и преземените дејства на Обвинителството, обвинетиот Сашо Мијалков, попладнево се јави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што му е враќено решението за домашен притвор, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој додаде дека по врачувањето на решението за домашен притвор, обвинетиот ќе биде спроведен на извршување на мерката.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Поранешниот директор на сега згаснатата УБК е обвинет во случајот Таргет-Тврдина, за кој пресуда треба да биде изречена в петок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе