Македонија Топ вести

Мицкоски: Оставка на Владата веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш денеска побара оставка од Владата, откако Сашо Мијалков, за кого се тврдеше дека е во бегство, се појави во обвинителството за да го земе решението за домашен притвор.

Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка веднаш!, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на веста дека Мијалков сам дошол во обвинителството.

Претходно денеска Мицкоски, по повод бегството на Мијалоков, одржа прес-конференција на која побара оставка од Владата, во спротивно најави поднесување барање за изгласување недоверба на Владата во Собранието, а ги коментираше поврзаноста на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и улогата на Мијалков, како и на премиерот Зоран Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе