Ракомет Спорт

Алушовски: Жал ми е за поразот, но одиме во добар правец

Ракометарите на Вардар пропуштија шанса во дуелот против Пик Сегед да освојат нови бодови во Лигата на шампионите и во пресрет на осминафиналните дуели да освојат што е можно подобра позиција на табелата.

“Честитам на Пик Сегед за победата, за нив важни бодови. Беа важни и за нас бодови, но ете нијанси го одлучија победникот на крајот од натпреварот. Може да кажам дека сум тажен за поразот, но во исто време сум среќен што Вардар оди во посакуваната насока. Некои несреќни моменти и нереализирани пенали пресудија на крајот за победникот. Но, мислам дека го одигравме и најдобриот меч сезонава. Игравме против силен противник кој се бори секоја година за Ф4, па начинот на кој париравме ни покажува дека низ секој следен натпревар сме тим како секој навивач посакува да гледа”, изјави тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

“Црвено-црните” за четири дена ги очекува нов дуел со унгарскиот состав, но овој пат на теренот на противникот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе