Кошарка Спорт

Торонто останува домаќин на Флорида

Поради строгите правила за патување во Канада, кошаркарите на Торонто до крајот на сезоната своите натпревари како домаќини во НБА лигата ќе ги играат во Тампа.

“Се чувствуваме одлично на Флорида и им благодариме на сите за гостопримството. Живееме и работиме во градот кој има првак во НФЛ и сакаме да ја задржиме победничката традиција на нашите пријатели и навивачи. Сепак нашите срца се во Торонто и често мислиме на нашите фанови кои ни недостасуваат и да бидам искрен едвај чекаме повторно да бидеме зедно”, рече првиот човек на Торонто, Масаи Ујири.

Во досегашниот тек од сезоната Торонто одигра 26 натпревари и има учинок од 12 победи и 14 порази. Како домаќин поранешниот НБА шампион во 11 настапи во Тампа забележал шест победи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе