Кошарка Спорт

Стојановски: Ќе дадеме 200% од нашите можности за да се пласираме на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија до крајот на подготовките за учество на завршниот сегмент од квалификациите за учество на Европското првенство има уште три дена.

Македонските репрезентативци во рускиот град Перм ќе имаат згуснат распоред и во кус временски период ќе мора да одиграат четири натпревари, а клучен е оној против Естонија во кој мораме да победиме со поголема разлика од 13 поени.

“Излегува така, дека сите мислиме само на тој натпревар. Не би се сложил со тоа. Ова е национален тим на Македонија кој треба да даде максимум на секој натпревар. Зошто не би победиле некој од тие дуели со Италија или со Русија, па дуелот со Естонија да го чекаме во некоја порелаксирана атмосфера, без некое ‘морање’. Нема откажување. Ќе пробаме да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат во Перм. Ако не верувам во успех, нема да сум тука, со соиграчите. Во Перм ќе одиме од натпревар во натпревар. За мене е доста важно што сите играчи се во некоја натпреварувачка форма, без оглед каде настапуваат во изминатиот период. Со добра атмосфера и давање на 200% од нашите можности можеме да дојдеме до тоа Европско првенство. Уште едно во нашите кариери. Ќе излажам ако кажам дека ќе биде лесно… Не, ќе биде навистина напорно. Но, за мене е поважно да сме здрави и живи, и во Перм да бидеме комплетни. Турнирот во Перм според оној интензитет на играње е едно мини Европско првенство. Како една група од ЕП во која за кратко време се одигруваат доста натпревари, а тоа носи дополнителна потрошувачка на енергија”, рече капитенот на репрезентацијата Војдан Стојановски.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Секунди ја делеа Македонија од триумф над Велс

Дејан Дејан

Трилер завршница во Скопје: Миовски погоди во 91.минута, Велшаните се спасија во последната секунда

Дејан Дејан

Македонија против Велс: Клучен дуел во мундијалските квалификации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе