Екс претседателот на државата Ѓорѓе Иванов не знаел дека на Македонија и се спрема крвавиот четврток. На сведочењето за организаторите на настаните од 27 ми април 2017 тата Иванов рече дека ни една служба претходно не го известила дека се планира организиран влез во собранието. За Иванов текст кој бил објавен во весник недела дена пред настаните е крив што се прошири информацијата дека критичната вечер ќе прогласи воена состојба. Пред судот објаснуваше дека дури ни според уставот не можел да прогласи воена состојба, бидејки републиката требало или да е нападната, да има опасност од напад или пак да и е објавено војна.
Иванов пред новинарите избегна да одговори дали на 27 ми април во 2017 та комуницирал со некој од обвинетите организатори. А обвинети се екс министрите Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, поранешниот претседател на собранието Трајко Вељановски и екс началникот на УБК Владимир Атанасовски. Комуницирал со неговиот советник за национална безбедност Синиша Алексоски кој му покажал селфи фотографија од српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ сликана во собранието.
Живаљевиќ за да си обезбеди алиби се снимил и ја испратил на Синиша. Синиша го прашал што правиш таму, а Живаљевиќ му одговорил дека добил дозвола од Пртеседателот. Тоа не беше точно, после и се потврди дека всушност бил испратен од Амбасадата на Србија за да види дали има државјани на Србија во Собранието.
Денеска сведочеше и поранешната заменик министер за правда Билјана Бришковска Бошковски. Таа го негираше тврдењето на претходниот сведок Александар Василевски Нинџа дека заедно со обвинетите давала насоки како да се делува во собранието, додека се наоѓала во штабот на ВМРО ДПМНЕ. На 8 миот кат каде се наѓале 100 тина членови на влада и на извршниот комитет Нинџа не го видела, но се видела со Јанакиевски и Ристовски на заминување од зградата. Денешните сведоци беа на предлог на обвинетите кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. На обвинителна клупа не седнаа Никола Груевски и Никола Бошковски бидејки двајцата се во бегство.
Билјана Николовска
