Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер ги освои бодовите против Татабања

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во првиот од двата меча против Татабања во рамките на Лига Европа успеа да забележи победа од 21:19 и да ги задржи шансите за пласман во елиминациската рунда.

Битолчани одлично го отворија мечот и во почетната фаза имаа предност од 7:2, но како одминуваше времето Унгарците полека се враќаат во натпреварот и на одмор заминаа со негатива од само еден гол (11:10).

Во продолжението од средбата Татабања успеа да поведе, но во ниту еден момент немаше поголема предност од еден погодок.

Во завршницата Еурофарм Пелистер со серија од 4:0 стигна до водство од 20:17, а предноста успеа да ја задржи до самиот крај на мечот за конечна победа од 21:19.

Најефикасен во победничкиот тим со шест гола беше Томислав Кушан, Стипе Мандалиниќ постигна пет додека голманот Карим Хендави забележа девет интервенции. На спротивната страна прв стрелец со шест погодоци беше Матијаш Ѓер.

За Битолчани ова е втора победа во шестиот настап и во моментов се наоѓаат на третото место со пет бода, а скорот може да го подобрат веќе утре бидејќи повторно во салата Боро Чурлевски се среќаваат со денешниот противник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе