Вести Економија

Вторите култури поисплатливи за струмичките земјоделци

Вторите култури стануваат поисплатливи за струмичките земјоделци. Наместо скапите инвестиции во раноградинарското производство, многумина се насочуваат кон овој тип производство коешто најчесто завршува како суровина во преработувачката индустрија, велат претставниците на земјоделците. Според нив за тоа има голем број причини а тоа е високата цена на чинење и незагрантираниот откуп.

Годинава раноградинарските производи поминаа со просечни цени, со исклучок на пролетната зелка којашто не се продаде и за која државата вети по  три денари за килограм за предадена зелка на регистрирани откупувачки центри.

Актуелната пандемија покажа дека инвестирањето во производство на храна е клучно за земјите. Македонија се води како аграрна земја, но статистиките на локално ниво покажуваат дека се поголема површина обработливо земјиште останува необработено.

Македонското земјоделско производство последниве години се прилагодува и на климатските промени. Особено вторите култури коишто до неодамна се садеа на отворено, сега поради летните жештини мора да се заштитуваат во пластеници или со заштитна мрежа, а поради долгите сушни периоди се јавува потреба и од организирани системи за наводнување.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 22.6.2026

meteo

Пожар на островот Сирос – издадена наредба за евакуација

Дејан Дејан

Девојче се обидело да се самоубие не можејќи да го трпи малтретирањето од таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе