Вести Свет

Бројот на вакцинирани го надмина бројот на инфицирани со корона вирусот во светот

Ширењето на коронавирусот во светот опаѓа, е најновата позитивна порака од СЗО. Клучна улога за тоа, освен со ригорозните мерки, е и вакцинацијата која масовно се одвива во најголемиот дел од светските жаришта. Па така бројот на оние кои ја примиле првата доза е поголем од бројот на заболени со вирусот.

Глобално, бројот на вакцинации го надмина бројот на пријавени инфицирани. Од една страна, тоа се добри вести и неверојатно достигнување за толку кратко време. но, повеќе од три четвртини од вакцинираните се само во десет земји каде се акумулирани 60 отсто од глобалниот БДП, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус. 

Не е време за опуштање, се додека не се сузбие насекаде вирусот, во спротивно би се вратиле на самиот старт.

Колку подолго е потребно да се вакцинираат оние кои се изложени на најголем ризик, толку повеќе му овозможуваме на вирусот да мутира и да ја избегне вакцината, додава Гебрејсус.

Во речиси 130 земји со 2,5 милијарди луѓе се уште не ја примиле првата доза, затоа СЗО апелира вакцинацијата да се забрза. Ги повикаа богатите држави кои имаат и резервни вакцини да ги донираат на државите со високоризична популација. Оставањето на голем број невакцинирани луѓе може да ја влоши пандемијата. имунизацијата забрзано се одвива во САД, каде бројот на жртви е поголем од загинатите Американци во Втората Светска Војна. Дневно се вакцинираат по 10 илјади луѓе во просек, на голема радост на здравствените работници.

Сите ние кои работиме со ова цела година сме многу емотивни, сите бевме изнемоштени, а сега се чувствуваме оптимистично што одиме напред, вели Мери Елен Керол, директорка на итаната помош во Сан Франциско.

Ако вакцинацијата се движи со ова темпо, контрола врз пандемијата може да имаме уште на лето, вели творецот на првата вакцина против корона вирусот, Ујгур Сахин, кој е и сопственик на германската фирма Бионтех. Смртноста ќе се намали веќе во април, а потоа ќе имаме мали избивања на болеста поради одбивање на имунизацијата, со што ќе мораме да живееме, вели Сахин, но е уверен дека до крајот на летото во Европа ќе може нормално да се живее.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе