Маж ја нападнал сопругата, а син се заканил дека ќе го убие татко си… Доста често изминатиов период во полициските билтени се регистрираат вакви пријави.
Верица Тимосиеска, од Центарот за правна помош во Здружението „Женски форум“ од Тетово, кој веќе 20 години им помага на жртвите на семејно насилство, вели дека во изминатата година зголемен е бројот на повици кај нив, особено од млади жени пријавиле насилство во домот. Таа вели мерките и економската криза ја зголемија нетрпеливоста.
Жртвите многу ретко тие се решаваат да побараат кривичен прогон за насилникот, најчесто поради страв и економска зависност.
Според статистичките податоци на СВР Тетово минатата година на тетовското подрачје се регистирани 74 кривични дела на семејно насилство, а дури 170 поплаки поминале само со писмено предупредување. И во првиот месец од годинава речиси секој ден имало вакви пријави.
По бројот на случаите на семејно насилство, но и според бројноста на жители во Полошкиот регион, правниот консултант Тимосиеска вели дека е неопходен шелтер центар, за кој добивале многу ветувања, без нивна реализација.
Тимоскиеска дека институциите треба повеќе да се ангажираат околу ова прашање. Нивното здружение досега добивало поддршка само преку потпишани меморандуми, меѓутоа како финансиски средства добиваат само преку проекти.
Данијела Билбилоска
