Македонија

Кривична за уценувачот кој и барал 1.500 евра на скопјанка за да не ги објави нејзините фотографии

Поднесена е кривична пријава против М.Б. (29) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Уцена“.

Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот во периодот од 21 до 31 минатиот месец со намера да се стекне со противправна имотна корист ја уценувал А.Б. (32) од скопско и побарал 1500 евра за да не сподели нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина на социјалните мрежи.

Притоа, соопшти МВР, на 31 минатиот месец во 15:35 часот пријавениот, по претходен договор, се сретнал со оштетената во кафе бар на Плоштад Македонија – Скопје, каде противправно земал 500 евра, кои му биле предадени од страна на оштетената, при што од страна на СВР Скопје настанот е соодветно документиран

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Дејан Дејан

Најдолгиот ден во годината го најави почетокот на летото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе