Вести Македонија Најважни

Откако не стана власт, Зибери ќе ги брани граѓаните од власта

Не стана прв премиер Албанец, но сега ќе ги брани граѓаните од системот на власта. Насер Зибери, кој на последните избори беше кандидат на ДУИ за премиер, денеска седна во фотељата на Народниот правобранител.Тврди дека не е член на партијата што го кандидираше и ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека, оваа функција му е награда за неговата услуга, да прифати кандидатура.

Зибери беше избран за Народен правобранител на 25 јануари годинава. Во последните години работеше како нотар, а претходно во три наврати беше избиран за пратеник во Собранието. Од 1996 до 1998 година беше и министер за труд и социјална политика, како и потпретседател на владата.

Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.

Опозицијата не гласаше за Зибери. Ја напуштија седницата, откако ВМРО ДПМНЕ реагираше дека треба да докаже дека нема да работи по диктат на партијата што го избра, а од Левица тврдеа дека ниту една етничка група или граѓанин нема да имаат корист од него. Алијанса и Алтернатива најавија дека неговиот избор ќе го оспорат пред Уставен суд.

Тие и денеска имаа најавено изјава, но ја добија само албанските медиуми.Уште пред прес конференцијата, македонските медиуми беа предупредени дека нема да добијат изјава на македонски јазик.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе