Вести Економија

Месната индустрија бара со петтиот пакет мерки да се вратат картичките “Купувам домашно“

Владата со петтиот пакет антикризни мерки да ги врати картичките “Купувај домашно“ за граѓаните државната помош да ја трошат на домашни производи – бара Групацијата за месо при Стопанската комора. Велат четвртиот пакет мерки не ги дал очекуваните ефекти, оти помошта граѓаните можеа да ја трошат за што сакаат. Алармираат дека тоа ќе се случи и со петтиот пакет ако парите не се насочат правилно.

Укажуваме дека првите мерки, иако помали, нели беа првични, беа подобри и поефикасни  и им помогнаа далеку повеќе на домашните компании, пред се за зголемување на домашната потрошувачка како резултат на правилното насочување на населението кон потрошувачката на домашните производи. За разлика од претходната четврта мерка,воопшто не даде резултати и покрај потрошените значителни средства за таа намена.

Граѓаните се помалку купуваат месо, преработки од месо и сувомеснати производи. Од Групацијата  велат тоа се должи на падот на куповната моќ на населението. Ковид –кризата пак со тоа што не работеа хотелите и рестораните предизвикала пред време вишоци на свежо свинско месо.

Оваа година тој проблем дојде малку порано. Како што кажа колегата е резултат веќе и на последиците од минатата година и од ковид, неработење на хотели и ресторани, кафеани, намалена потрошувачка сите седат дома и веќе дојде до благо нарушување на пазарот и до појава на тој вишок пред време-

Ковид – кризата донела пад во прехрамбената индустрија од 20 проценти. Од Комората апелираат на помош од Владата- да ја стимулира домашната потрошувачка. Петтиот сет мерки пак се уште не е готов. Денеска беше на разгледување пред работодавачите и синдикатите на Економско-социјалниот совет.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе