Македонија Топ вести

Сојузот на средношколци продолжува со бојкотот на наставата и наредната недела

Сојузот на средношколци одлучи да продолжи со бојкотот на наставата и во текот на следната недела. Од таму велат дека ваквата одлука следува по вчерашната вонредна седница на Генералното Собрание.

Министерството за образование соопшти дека заедно со Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 учениците кои ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет.

Според Министерството, бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива. Потсетуваат дека учениците кои не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит.

Од МОН појаснуваат дека се направени измени и во постојната концепција, воведени се два дополнителни изборни предмети- географија и информатика, и ја усогласивме проектната задача за да биде интересна за матурантите. И тоа е направено заедно со средношколците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе