Вести Македонија Топ вести

Државниот врв, Симовски и градоначалниците на средба во Собранието за пописот

Во Собранието  денеска ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, со градоначалниците и секретарите на општините за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

На средбата ќе присуствуваат претседателот  Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис. Ќе има и сесија за поставување прашања.

Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе