Вести Македонија

Нова кавга на релација матуранти – Министерство за образование

Тврдењата на министерката Царовска дека се намалува бројот на матуранти кои ја бојкотираат наставата се делумно точни, вели Ходаи.  Сепак тоа не е е резултат на спласната волја кај нас, булингот за кој таа говори и го посочува Сојузот на средношколци кој наводно прави притисок на матурантите не постои, вели Бленди Ходаи.

Исто како расипан телефон. Од страна на МОН се прават притисоци до директорите, директорите до наставниците и потоа наставниците ги прават притисоците кон матурантите. И ова е начинот на кој се одвиваат притисоците и заканите од страна на институциите, од министерката, од директорите и наставниците. 

За Царовска пак ситуацијата е сосема поинаква и средношколцјите мораат да бидат свесни за законите и правилниците кои се предвидени во образованието, во тој дел се и укажувањата на наставниците, кои во ниту еден миг не треба да се толкуваат како притисоци.  Фактот дека над  14 илјади ученици пријавија државна матура доволно говори дека тие сакаат да ја полагаат истата, додава Царовска.

По однос на притисоците, социјалниот притисок кој се случува врз учениците кои одбиваат да се вклучат на бојкотот е значителен. Наставниците веројатно и директорите можеби укажуваат, затоа што знам дека се свикуваат вонредни родителски средби, укажуваат на законските обврски кои што ги имаат тие како училишта да ги испочитуваат, а тоа е во делот на евиденција на часовите на кои не се појавил одреден ученик заради тоа што часовите во континуитет се држат макар и за еден ученик или двајца ученици кои се приклучуваат.

Бојкотот на наставата ќе продолжи и понатаму, велат од Сојузот на средношколци. Тие ќе испратат барање до пратениците во Собранието за отворање дебата за државната матура. Во меѓувреме Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група заедно со универзитески професори, претставници на различни унниверзитети,  го продолжија широкиот консултативен процес за предложените реформи во основно образование.

За опозициската ВМРО- ДПМНЕ фалењето на ваквите реформи е штетно и ќе предизвика крах на образовниот систем, бидејќи не постои транспарентен дијалог за поширооката јавност, се вели во дописот на ВМРО- ДПМНЕ .

 Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе