Вести Свет

Грција не потврдува дека со Србија бил постигнат договор за патување

Прелиминарни биле разговорите меѓу министрите за туризам на Грција и Србија за време на нивната вчерашна онлајн средба околу сертификатот за вакцинација и не постоел конечен договор, објасниле извори од Министерство за туризам на Грција за грчките медиуми.

Евентуален договор околу заеднички меморандум, не се споменува ниту во соопштението за средбата објавено од министерот за туризам на Грција. Српската министерка Татјана Матиќ вчера соопшти дека со нејзиниот грчки колега договориле  дека од 1 мај до 1 октомври, вакцинираните граѓани од двете земји слободно ќе можат да влегуваат во Грција и Србија и ќе постои заемно признавање на електронскиот сертификат за вакцинација. Но, од грчкото Министерство за медиумите сооштиле дека не постои конечен договор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе