Економија

Слаба динамика и ниски цени го следат откупот на тутун

Само 60 проценти од вкупно 23 илјади тони тутун,  колку што тежи годинешната реколта, досега се откупени од  компаниите. Слаба динамика  и ниски  цени го следат откупот уште од самиот почеток, а тутунарите во неколку наврати го изразија својот револт и со протести. Сега ќе мора да се изнтензивира преземањето на тутунот за откупот  да  заврши во законскиот рок, до крајот на февруари.

-Секој ден сум на терен на откупните пункотови, констатирав дека неопходно е откупните пунктови да бидат отворени секоја следна сабота до крајот на откупот, а таа динамика да се зголеми. Да се надоместат тие денови што не работе за време на протестите, во интерсе на тутунопориизводителите. Тутунот е спакован, калира и губат на киложа. Доколку се работи и во сабота, ќе нема гужви, ќе се реши проблемот, вели   Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп

Откупните пунктови да се отворат и во сабота бараат и од Сојузот на земјодлески здруженија

-Динамиката е зголемена во споредба со порано, досега се откупени 13 милиони килограми по просечна цена од 166 денари. Ние очекуваме и ќе бараме од откупувачите оваа динамика да се зголеми и да се откупи договорениот тутун, за да има време да се откупи и вишокот на тутун, вели Менде Стомнароски од Сојузот на земјоделски здруженија

Во тек е пријавувањето на тутунот за кој производителите немаат договори со откупувачите, а да се откупи целиот вишок и тутунарите за овие количини да добијат и субвенции  беше договорено на една од средбите на нивни претставници со компаниите под  медијаторство на министерот за земјоделство. Досега само во Прилепско-Долненскиот крај  над 1000 земјоделци  пријавиле  2200 тони вишок, а до крајниот рок, 5 февруари се очекува  производителите  низ државата да пријават над 4 илјади тони

-Пријавувам вишок на тутун, останат ни е, очкуваме да го земат, вели тутунопроизводител

-Оваа година имаме многу род,  а малку баарата да се откупи, ништо не се надеваме, не лажат дека ќе се откупи, ама дури не видиме не знаеме, вели друг тутунар

Вишокот на тутун ќе биде распределен кај сите откупни компании, додека прилепскиот Тутунски комбинат ќе преземе 440 тони од кооперантите од Далија табак кои останаа неоткупени. Иако според законските рокови има уште време до крајот на откупот, тутнопроизводителите веќе ја прогласијаа годината како една од полошите и потешките за нив.

Емилија Мисирлиевска

https://youtu.be/vaJatombCpU

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе