Свет

По две недели поминати под земја спасени 11 рудари во Кина

Единаесет рудари од кинеската провинција Шандонг, по две недели поминати под земја, денеска се извлечени живи. 22-ца рудари останаа заробени на 600 метри длабочина, по експлозијата која се случи пред 14 дена.

Официјално еден од рударите починал, додека за останатите 10 сe уште не е познато дали се живи. Спасените рудари една недела по експлозијата успеаја да испратат порака со спасувачите за да продолжи потрегата. Преку специјален канал лековите и храната до заробените рудари се спуштала со јаже.

Рударските несреќи во Кина не се невообичаени поради не почитување на безбедносните стандарди. Претходната несреќа се случи во декември 2020, кога поради истекување на јаглероден моноксид во рудник за јаглен загинаа 23 рудари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе