Македонија Најважни

КОД: Македонија барала вакцини и од Израел, рекордерот во успешна вакцинација против корона

Македонија за вакцини контактирала и со израелските власти, тврди амабасадорот на Израел Дан Оријан во вечерашната емсиија КОД. Израел досега вакцинираше над третина од својата 9 милионска популација, а околу половина милион израелци веќе ја примија и втората доза. Зад овој успешен процес стои долгогодишно искуство во кризниот менаџмент, но и брзата адаптација на новите услови. Според амбасадорот Оријан сите институции се вклучени, досега набавиле и користат три вида вакцини, а во корона вакцинацијата биле вклучени и тамошмните тајни служби.

Во Код вечерва и за подготовките на македонските здравствени институции за сложената и обемна анти-корона имунизација.

Брзата вакцинација во Израел има долго објаснување бидејќи многу институции учествуваат и се натпреваруваат.

-Израел, за несреќа, има многу искуство со кризи. Сме имале војни, терористички напади, комбинација на различни проблеми. Живееме во “лошо соседство“ како што викаме ние. И поради тоа имаме многу искуство, а многу организации и партнери ни помагаат во овие моменти. Како прво, речиси целата израелска јавност во криза ги здружува силите, се случува во војна, а и сега во пандемијата. Поради тоа, една од работите што сега се спроведуваат во Израел е што Изреал отвори многу, многу центри каде луѓето се вакцинираат. Се обидуваме на многу места и на многу начини, луѓето да не чекаат во редови. Постои вакцинација во автомобил, потоа вакцинацијата по добиен повик- ти се кажува во која болница и точно време кога треба да дојдеш за вакцинирање.  Но ова е само еден дел, израелскиот здравствен систем е многу добро организиран. Ние имаме она што на англиски се вика, ХМО, здравствени одбори за одржување. Всушност, согласно израелскиот закон секој граѓанин мора да биде член на еден одбор. Во основа, ти плаќаш нешто за осигурување од платата, но мора да го имаш тоа членство. Тогаш тие ХМО-одбори мора да се грижат за своите членови на клубот,ако сакате така да ги наречеме. Постојат многу, многу организации кои се вклучени, изјави амбасадорот на Израел во РС Макеоднија Дан Оријан.

-Потоа постои огромна асистенција од армијата, а како што знаете ние во Израел имаме голема армија бидејќи мораме. И голем дел од искуството на армијата стекнато во минатото е всушност пружање на помош на луѓе во нивните домови како што е во сегашната ситуација. Затоа ние имаме многу, би ги кажал причини зошто вакцинацијата е толку брза и толку успешна. Да бидам искрен, ние сме мала држава, не е Русија, не е Кина, не е ниту Македонија која е дупло поголема. И не треба многу да патуваме за да бидеме вакцинирани. И на крајот меѓу многу, многу работи се и градоначалниците кои имаат многу обврски, а секој од нив сака да покаже дека неговиот град во подобра состојба, и да премине како што ние викаме од црвено во зелено, поради што прават посебни напори. Некогаш прават и повеќе од што им е дозволено. Во еден од големите градови, тој одлучил да почне со вакцинација на наставниците пред да дојде планираниот термин за нив. Се трудиме да биде организирано, ние почнавме со постарите, со ризичните групи, и возрасната граница за вакцинирање ја спуштаме на неколку денови. Па така се соопштува, отсега луѓето од 40 години ќе се вакцинираат. Три дена подоцна, се почнува со 35-годишните. Се прави значи ред, а најризичните веќе се вакцинирани, рече Оријан за Код на Телма.

Амбасадорот ни раскажа и како стигнале до многу вакцини.

-Ние секако имавме пристап, рано пристапивме до сите оние западни производувачи на вакцини. Има и преговори кои ги врши една од водечките болници во Ерусалим за да набави од руските вакцини- „Спутник  5“. Но, главно Израел соработува со сите главни 5 произведувачи кои работат на американско и европско одобрување за употреба. Прв е секако , Фајзер кој е најзастапен кај нас во Израел, што значи дека речиси сите досега вакцинирани се со Фајзер. Втората секако е „Модерна“, ја користиме „Модерна“ која е малку поинаква за употреба и нејзината основна примена сега, е за луѓето кои мора да ја примат вакцината во својот дом. Тие кои не може да дојдат на пунктовите за вакцинација. Трета секако е „Астра Зенека“. И ние потпишавме договори со сите три, но и со други, за да бидеме сигурни дека ќе имаме доволно колку што може побрзо, вели амбасадарот на Израел во Македонија.

Во целата брза и огромна операција за набавка се вклучени и израелските тајни безбедносни агенции и служби, бидејќи пандемијата ја гледаат како криза и ризик за безбедноста.

-Имаше два големи сегменти каде тајните служби и безбедносните организации се трудеа да помогнат. Првата беше во почетните фази од пандемијата, кога немавме доволно респиратори. Службите организираа специјална операција за да најдат и донесат респиратори, преку нивните специјални контакти со местата каде што можеше да се купат. Во моментот за такви апарати нема потреба. Истотака ги користеа своите врски за да помогнат при набавка за вакцинација, изјави Оријан.

Во разговорот се вклучува и Хаим Бекер, шеф на оделот за здравствени иновации во компанијата Елтел Хеалт. Ни вели дека сега втората календарска година од пандемијата употребуваат развиена воена технологија која ја пренамениле за цивилни здравствени цели. Исто така употребуваат нови иновации во информатичка технологија.

Оријан вели дека понудиле и помош на македонските здравствени власти, тие да ги искористат израелските искуства за набавка и вакцинација.

-Ни пријдоа, не контактираа за вакцинација од министерството за здравство. Ние јасно им дадовме до знаење дека Израел не е во позиција да даде вакцини, секако не пред сите израелци да бидат вакцинирани, целото население. Исто така имаме договори со произведувачите дека вакцините кои ни ги продаваат се само залуѓе кои живеат во Израел. Сепак, ние ги понудивме нашите добри конекции со компаниите, во случај да има потреба. Од она што јас го слушнав од вашите официјални претставници е дека тоа не е потребно и дека доаѓаат, доаѓаат наскоро и ќе почне, тврди Оријан во емисијата Код.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Во Агенцијата за вработување чекаат работа над 600 магистри и дваесет доктори на науки

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Пронајдени се телата на двајца работници кои загинале при уривањето на мостот во Балтимор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе