Ракомет Спорт

Ракометарите го затворија СП со пораз и од Белорусија

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија (30-26) го заврши настапот на Светското првенство во Египет. Со вкупно пет порази и само една победа, го имаме еден од најслабите настапи на Мундијалите во историјата.

Игравме добро 40 минути кога бевме во игра дури и да го изненадиме фаворитот, но паднавме на физички план во финишот. Првото полувреме мина во најголем дел со наше водство, но на паузата резултатот гласеше 14-14. Белорусите тргнаа нешто подобро во вториот дел па имаа и водство од +3, но ние одговоривме со иста мера и серија од 3-0 за 20-20. Тогаш последен пат бевме конкурентни на натпреварот, бидејќи во продолжението 5:30 минути не постигнавме гол, а Белорусија направи 6-1 со кои практично ги реши сите дилеми околу победникот. Конечниот резултат гласеше 30-26.

Кире Лазаров повторно беше наш лидер во нападот со седум постигнати голови, додека Филип Кузмановски и Жарко Пешевски постигнаа по четири. Кај Белорусија најдобар беше Кулеш со седум голови.

Ова е еден од нашите најслаби Светски првенства во седумте учества со само една победа и пет порази. Сличен ефект имавме и на нашето прво учество на Мундијалите исто така во Египет во 1999 година, кога славевме еднаш и имавме четири порази од вкупно пет натпревари.

Наш најголем успех и натаму останува Светското првенство во 2015 година во Катар кога бевме деветопласирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе