Вести Свет Топ вести

Хаос во Москва, илјадници уапсени и повредени на протестите против Путин

Хаос на протестите во Москва. Десетици илјади луѓе излегоа на московските улици и масовно бараа да се ослободи главниот опозиционер Алексеј Навални. Суровиот студ, а ниту ковидот не ги спречи да го наполнат Плоштадот Пушкин. Се судрија со полицијата, која безмилосно тепаше и старо и младо. Во најголем дел излегоа младите – бараат слобода за Навални и крај за актуелната власт.

Заедно сме посилни. Време е за промена. Не плашете се да излезете. Заедно моежеме. Излезете! Сами гледате што се случува. Одете под московската обиколница, луѓето преживуваат со 10.000 рубљи (132 долари)

 

Дојдов тука не само за Навални, туку и за себе, за мојата иднина и за слободна иднина на Русија каде луѓето сами ќе си ја одредат иднината наместо банда од крадци и убијци.

Излегоа и повозрасните. Но, во помал број. Велат дека се плашат.

Минусните температури не ги спречија луѓето да протестираат во 60 градови низ земјата. Ја газеа и палеа фотографијата на Путин, и тука беше документирана полициската бруталност додека ги апсеа.

Навални, беше уапсен веднаш откако слета од Берлин во Москва. Но, она што можеби ги извади надвор денеска и неопределените е двочасовното видео кое тимот на Навални го објави во вторникот, ден откако на Навални му беше одреден 30-дневен притвор. Истражувачкиот тим на Навални ја прикажува Палатата на Путин – огромен имот на брегот на Црното Море. Градба, за која обвинуваат дека била финансирана од детална шема на корупција од најблиските соработници на Путин.

Без претерување, ова е најтајниот и наобезбедениот објект во Русија. Не е викендичка или резиденција – тоа е цел град, или кралство. Има непробојна ограда, се наоѓа на пристаниште, има обезбедување, цркви, сопствен контролен пункт, зона за нелетање, па дури и гранична контрола. Тоа е посебна држава внатре во Русија, објаснува на видеото навални.

 

Според проценките, имотот чини 1,3 милијарди американски долари. Од Кремљ ги негираа обвинувањата како неточни. На Навални му е одреден притвор и се соочува со долгогодишна затворска казна бидејќи ја прекршил условната казна, додека лежеше пет месеци во болница во Берлин откако беше отруен со новичок за што тој ги обвини руските власти, а поддршка му даде цела Европа.  На денешните, најмасовни протести за негова поддршка се уапсени над две илјади луѓе, меѓу нив блиските соработници и неговта сопруга Јулија Навалнаја.

 Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Tреба да се радуваме да имаме Дата центри“ – вели првиот регулатор Ристов во интервју за Телма

Дејан Дејан

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе